Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Една година затвор за кавадарчанец кој прегази полицаец при легитимирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Основниот суд во Кавадарци изрече казна затвор од една година за 46-годишен жител на Кавадарци, кој намерно прегази полициски службеник при обид за легитимирање, соопшти Обвинителството.

— реклама —

Инцидентот се случил на 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи возило „фолксваген“, не запрел на знак од полициски службеници. Откако бил опколен од две полициски возила на една крстосница во градот со цел да биде запрен, тој со возилото се залетал кон полицаец кој излегол од службениот автомобил за да го легитимира.

— реклама —

Како што информира Обвинителството, обвинетиот го удрил полицаецот во пределот на стомакот и левата нога, по што удрил и во полициското возило и продолжил да вози. Полицаецот се здобил со повеќе телесни повреди.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против осомничениот за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот бил лишен од слобода на 25 декември и следниот ден изведен пред суд, каде го признал делото.

— реклама —

Со пресудата, судот го огласи обвинетиот за виновен и му изрече казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата му одреди мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynlenoeam413af1lFQXH

Утврдена конечната траса на вториот дел од обиколницата за Кавадарци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarytl0k1lssk8ca1YSIU77

Нови цветни бои го разубавуваат градскиот плоштад во Кавадарци

Македонија | пред 3 дена

media-libraryctppd11fdi8a0grdBIg

Био-пазарот во Кавадарци пред завршница, инвестицијата изнесува 26,5 милиони денари

Македонија | пред 4 дена

media-libraryuiebv6r4sed6dOGG6ey

Поставена заштитна мрежа во должина од 65 метри на патеката кон Марена

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања