Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

EES повторно заглави: Девет земји од Шенген-зоната ја одложија целосната примена на биометриските проверки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryli4gnrsm1cgjcrNB0YW

Целосната примена на европскиот систем за влез/излез (EES) повторно се соочува со проблеми, откако девет земји од Шенген-зоната, меѓу кои Франција, Германија и Италија, ја одложија целосната примена на биометриските проверки.

Станува збор за системот преку кој граѓаните на земји надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонија, треба да бидат евидентирани при влез и излез од Шенген-зоната, со земање отпечатоци од прсти и скенирање на лицето, зависно од конкретната ситуација.

— реклама —

Покрај Франција, Германија и Италија, целосната примена ја одложија и Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија. Како причини се наведуваат технички проблеми, недостиг на персонал и метеж на граничните премини.

— реклама —

Системот беше пуштен во употреба во октомври 2025 година, по повеќегодишни одложувања, а целосната примена првично беше планирана за април 2026 година. Поради проблемите беше овозможен период од 150 дена во кој земјите можеа да ги ограничат проверките доколку проценат дека има преголем метеж.

Иако овој период заврши на 6 септември, најмалку девет земји ја информирале Европската комисија дека нема целосно да го применуваат системот додека техничките проблеми не бидат надминати.

— реклама —

Системот треба да функционира преку eu-LISA, агенција на ЕУ која ги поврзува националните системи. При првото влегување во Шенген, податоците од пасошот се внесуваат во централна евиденција, по што се земаат биометриски податоци, кои се споредуваат со постојното досие.

Но, токму тука се појавиле сериозни проблеми. Во некои земји биометриските податоци се собираат, но поради технички грешки не се пренесуваат до eu-LISA. Во други, граничните службеници не можат да пристапат до постојните досиеја, па постапката мора да започне од почеток.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт предупреди дека ваквите проблеми можат да предизвикаат сериозни оперативни тешкотии на аеродромите. Во меѓувреме, биометриската опрема вредна милиони евра на дел од аеродромите и пристаништата останува неискористена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 17 часа

— реклама —
EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 18 часа

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања