Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„ Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека македонската економија забрзува, посочувајќи го растот од 4,3 отсто во второто тримесечје од 2026 година. Од партијата велат дека растот е резултат на зголемените инвестиции, извозот и градежништвото.

— реклама —

Според податоците што ги посочува ВМРО-ДПМНЕ, бруто-инвестициите во вториот квартал пораснале за 16,5 отсто, додека извозот на стоки и услуги бележи раст од 10,4 отсто.

— реклама —

Особено значаен раст, според партијата, има градежништвото, кое бележи зголемување од 21,9 отсто. Преработувачката индустрија, пак, пораснала за 4,1 отсто.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата продолжува со политики насочени кон одржлив економски раст, поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

— реклама —

Од партијата ја обвинија СДСМ дека, како што велат, се радува на негативните вести и неуспехот, додека Владата работи на привлекување странски инвестиции, реализација на капитални проекти, зголемување на извозот и отворање нови работни места.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ додава дека целта на економските политики е создавање нова вредност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 8 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања