Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица преку соопштение го критикува премиерот Христијан Мицкоски поради неговото истакнување на растот на БДП од 4,3 проценти, оценувајќи дека економските показатели што ги претставува Владата не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните.

Од партијата велат дека додека премиерот зборува за статистичкиот раст, домаќинствата се соочуваат со сè поголеми трошоци за храна и основни производи. Според нив, самиот раст на БДП не е доволен показател за животниот стандард, бидејќи не покажува како е распределено создаденото богатство, ниту дали граѓаните имаат повисоки приходи, подобри јавни услуги и понизок животен трошок.

— реклама —

Левица посочува дека значителен дел од профитот што го создаваат странските компании се изнесува од државата, додека економската активност, како што тврдат, се одржува и преку нови задолжувања. Оттаму оценуваат дека истакнувањето само на растот на БДП, без поширока слика за економската состојба, е манипулативно.

Критики упатуваат и на начинот на кој Владата ги претставува податоците за индустријата. Од Левица велат дека како пример за напредок се издвојува преработувачката индустрија, додека се занемаруваат проблемите во други важни сектори, меѓу кои ја посочуваат и енергетиката.

— реклама —

Партијата го оспорува и тврдењето за „галопирачки економски раст“, наведувајќи дека државата продолжува да се задолжува за да ги сервисира претходно преземените обврски.

„Македонија денес се задолжува за да враќа претходни долгови – се земаат нови кредити и еврообврзници за да се сервисираат старите обврски“, велат од Левица.

— реклама —

Според партијата, долгорочно одржлива економија не може да се темели на ново задолжување за отплата на старите долгови. Како предуслови за економски развој ги наведуваат продуктивните јавни инвестиции, домашното производство и ефикасните јавни претпријатија.

Од Левица како дополнителен показател за економската состојба ја издвојуваат структурата на потрошувачката на домаќинствата. Тие тврдат дека голем дел од приходите на македонските семејства се троши за храна и основни производи, што, според нив, покажува дека економскиот раст не се претвора во подобар животен стандард.

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката на прес-конференција, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, наведуваат од Левица.

Од партијата заклучуваат дека, според нивната оценка, Македонија се задолжува сè повеќе, во дел од клучните економски сектори има сериозни предизвици, а граѓаните сè потешко ги покриваат основните животни трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq2j1odbq0gtnehnnpe3

(Видео) Студентите најавуваат тужба против МОН, тврди Левица: се бараат повеќе пари за студентски оброк и надомест на штетата

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Левица: Обединети во злосторот - пратеници на ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и ЛДП во Израел газат по коските на палестинските деца

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања