Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Ексоветничката на Заев, Илиевска, не поднесува оставка од Судски совет: Најсовесно и чесно ја извршував функцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tanja

Тања Чачарова-Илиевска, член на Судски совет, избрана од Собранието не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што од неа и од другите гленови избрани од Зааконодавниот дом бара премиерот Христијан Мицкоски. Таа во минатото беше советничка на премиерот Зоран Заев во Владата, а потоа беше избрана како член на Судскиот совет.

За нив владеачкото мнозинство поднесе интерпелација.

— реклама —

Чачарова-Илиевска, пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, а денес одговори на наводите во интерпелација.

„Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судскиот совет и затоа, да ви кажам искрено, не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност за да поднесам оставка. Интерпелацијата нема индивидуализирано кои дејствија, кои постапки јас како член поединец на Судскиот совет сум ги презела несовесно, незаконито кои би можеле да ми се стават на товар заради таквиот извештај на работа во Судскиот совет и воопшто за работата на целиот Судски совет“, рече Чачарова- Илиевска.

Таа одговора дека интерпелацијата упатува на интерпелација на Судскиот совет како колективно тело.

— реклама —

„Сметам дека тоа е дискриминаторски однос спрема членовите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на челновите на Судскиот совет. Понатаму наведов дека е дискутабилна можноста или правото на Собранието за поднесување интерпелација на член на Судскиот совет имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции“, вели Чачарова- Илиевска.

Таа укажа дека за интерпелацијата веќе има реакции од домашната стручна јавност, но и од надворешни фактори вклучително ЕУ како и Стејт департментот. Токму затоа Чачарова-Илиевска смета дека треба многу внимателно да се пристапи кон прашањето за интерпелацијата и да се сфати дека таа е механизам за политичка контрола заради утврдување политичка одговорност кај носители на јавни функции кои се одгворни за својата работа пред Собранието.

— реклама —

Освен за Чачарова-Илиевска, интерпелации се поднесени и за Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Милазим Мустафа, денес рече дека одговориле по сите основи наведени во интерпелацијата и откако ќе завршат сите процедури во Собранието се надева на позитивен исход.

Изгласувањето на интерпелациите во Собранието не значи дека тие заминуваат од функциите, затоа Мицкоски од нив побара оставки.

— реклама —

Screenshot-2025-02-12-at-10.45.37

Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата

Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата. Немаше конкретен одговор дали ќе понесе оставка, бидејќи интерпелацијата не го наложува тоа, но доколку се изгласа недоверба тоа ќе значи дека тие кои ја избрале веќе не сметаат дека треба да биде дел од највисокото судско тело.„Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања