Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Екстремен топлотен бран ја зафати Италија, највисоко предупредување за 27 градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Екстремниот топлотен бран продолжува да ја зафаќа Италија, поради што властите денеска издадоа највисок степен на предупредување – црвен метеоаларм – за сите 27 поголеми градови што ги следи Министерството за здравство.

— реклама —

Црвеното предупредување се издава кога екстремно високите температури се комбинирани со висока влажност, што претставува сериозен ризик по здравјето, не само за постарите лица и хронично болните, туку и за здравите и физички активните граѓани.

— реклама —

Предупредувањето важи за целата земја, од Болцано на север до Палермо на Сицилија. Во повеќе региони се очекуваат температури над 35 Целзиусови степени, додека во Фиренца и Рим метеоролозите прогнозираат и над 40 степени.

— реклама —

Долготрајните горештини и сушата веќе оставаат последици и врз природата. Најдолгата италијанска река По бележи значително понизок водостој од вообичаениот за овој период од годината, а езерото Маџоре, второ по големина во Италија, се приближува до историски најниско ниво. Во северниот дел на Јадранското Море, пак, се измерени температури на водата повисоки од 30 степени.

— реклама —

Според прогнозите, топлотниот бран ќе продолжи најмалку до средината на август. Од утре се очекува благо намалување на температурите во северниот дел на земјата, а во Јужен Тирол се можни и локални грмежливи невремиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 2 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 3 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања