Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Енди Барнам е нов премиер на Велика Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4io2aiba17ncbG9qraD

Велика Британија доби нов премиер, откако кралот Чарлс III денеска му го довери мандатот за состав на владата на новиот лидер на Лабуристичката партија, Енди Барнам.

— реклама —

По средбата со кралот во Бакингемската палата, 56-годишниот поранешен градоначалник на Манчестер се упати кон Даунинг стрит 10, каде што официјално ја презеде премиерската функција. Тој е четвртиот британски премиер од стапувањето на Чарлс III на тронот во септември 2022 година.

— реклама —

Барнам во петокот беше избран за нов лидер на Лабуристичката партија на вонреден партиски конгрес. Бидејќи лабуристите имаат убедливо мнозинство во британскиот парламент по изборите во 2024 година, функцијата лидер на партијата автоматски му ја обезбеди и премиерската позиција.

— реклама —

Тој го наследува Кир Стармер, кој денеска официјално му ја поднесе оставката на кралот, откако претходно одржа проштален говор пред премиерската резиденција на Даунинг стрит 10. Стармер изјави дека неговата работа е завршена и дека функцијата ја напушта „со насмевка“, додавајќи дека новиот премиер ја има неговата целосна поддршка.

— реклама —

Пред Барнам претстојат сериозни предизвици, меѓу кои забавениот економски раст и зголемените трошоци за живот. Тој најави дека ќе работи на подобрување на животниот стандард и ќе се залага за поголема децентрализација на власта, вклучително и отворање канцеларија на премиерот во Манчестер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylmrquvmpq7599jciJU6

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Слајдер | пред 1 седмица

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања