Промени тема
Контакт

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-librarytp5r13idv7vddJrFsdU

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица“, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на услугата за оваа година.

— реклама —

Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“ , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови.

Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост“, истакна градоначалникот Герасимовски.

— реклама —


Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.

— реклама —

Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.

Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања