Промени тема
Контакт

Ескалација на азискиот конфликт: Трамп тврди дека може „со еден повик“ да го запре судирот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека лично ќе се вклучи во смирување на жестоките судири меѓу Тајланд и Камбоџа, кои влегоа во трет ден. Трамп, кој во јули веќе посредуваше во воспоставување примирје меѓу двете држави, изјави дека денес или утре ќе оствари телефонски повик за да се сопре најновата ескалација, пренесува Ројтерс.

Настапувајќи на митинг во Пенсилванија, Трамп наведе низа конфликти за кои тврди дека помогнал во нивно запирање, меѓу кои и оние меѓу Пакистан и Индија, како и Израел и Иран. Потоа се осврна на повторните борби во Југоисточна Азија.

— реклама —

„Мразам да го кажам ова, Камбоџа–Тајланд, започна денес и утре ќе мора да направам телефонски повик“, рече Трамп. „Кој друг може да каже дека ќе се јави и ќе запре војна меѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа?“

По јулските судири, во кои загинаа најмалку 48 лица, Трамп разговараше со лидерите на двете земји и беше клучен во воспоставувањето на тогашното кревко примирје.

— реклама —

Додека се очекува неговата нова интервенција, ставовите на Тајланд и Камбоџа околу преговорите се спротивставени. Тајландскиот министер за надворешни работи изјави дека нема услови за преговори и дека ситуацијата не е соодветна за посредништво на трета страна. Од друга страна, главниот советник на камбоџанскиот премиер Хун Манет порача дека Камбоџа е „подготвена да разговара во секое време“.

— реклама —

Во јули Трамп го искористи влијанието преку трговските преговори за да посредува во примирјето, но тајландскиот министер Сихасак Фуанкеткео предупреди дека заканите со царини не треба да се користат како средство за притисок.

Ситуацијата повторно експлодираше откако Тајланд минатиот месец ги суспендираше мерките за деескалација договорени на октомврискиот самит во присуство на Трамп. Причина беше тежок инцидент со тајландски војник, погоден од нагазна мина за која Бангкок тврди дека била новопоставена од Камбоџа, што Пном Пен негира.

— реклама —

Двете држави евакуираа стотици илјади луѓе од пограничните подрачја. Камбоџа соопшти дека од понеделник загинале девет цивили, а 20 се тешко повредени. Тајланд објави дека има четири загинати војници и 68 ранети.

Тајландската армија изјави дека целта е „да се осакати“ воената способност на Камбоџа на долг рок, додека камбоџанското Министерство за одбрана возврати дека нивните сили немале избор освен да преземат одбранбени дејства, обвинувајќи ја тајландската страна за „несеќено и брутално гаѓање на цивилни области“, што Бангкок го демантира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 1 час

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања