Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ескалација во Персискиот залив: нови инциденти со трговски бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Во Ормутски теснец е регистриран трет инцидент во текот на истиот ден, откако во регионот претходно беа пријавени уште два напада врз трговски бродови.

— реклама —

Според поморско-разузнавачката компанија Vanguard, третиот брод бил нападнат на околу шест наутички милји од иранскиот брег. Во извештаите се наведува дека пловилото било запрено од Иранската револуционерна гарда, по што му било наредено да фрли сидро. Пријавена е и штета на трупот на бродот и на просториите за сместување на екипажот.

— реклама —
— реклама —

Инцидентот следи по претходни информации на британската служба за поморски трговски операции UKMTO, која утрото регистрирала два одделни напади во истиот регион. Во првиот случај била отворена оган од страна на единица на Револуционерната гарда врз контејнерски брод во близина на брегот на Оман, додека кратко потоа бил нападнат и товарен брод во близина на иранските води.

— реклама —

Серијата инциденти дополнително ја зголемува напнатоста во една од најважните светски поморски рути, преку која поминува значаен дел од глобалната трговија со нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 1 ден

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 ден

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања