Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Свет
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран ги користи бунтовничките Хути за да го задржи Јемен како средство за притисок и уцена врз земјите во регионот и пошироко, изјави претседателот на Претседателскиот совет на Јемен, Рашад ел Алими, за време на посетата на Ријад.

— реклама —

Ел Алими се сретнал со кинескиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Џаи Џун, при што ја обвинил групата Хути за опсадата на градот Таиз и нападите врз цивилното население, оценувајќи ги како воени злосторства и тест за меѓународната заедница.

— реклама —

„Суштинскиот проблем со Хутите не е спорот околу власта, туку инсистирањето на групата да го задржи оружјето надвор од државната контрола, повикувањето на божествено право да владеат и поставувањето на нивните водачи над законот и волјата на народот“, изјави Ел Алими.

Кинескиот пратеник потврдил дека Пекинг продолжува да ги поддржува напорите на јеменската влада за воспоставување стабилност и мир, нагласувајќи ја поддршката за безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен.

— реклама —

Во меѓувреме, британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на воени извори, објави дека Хутите подготвуваат нова голема офанзива со цел да ја преземат контролата врз целата земја, вклучително и опколениот град Таиз и Аден, привременото седиште на меѓународно признатата јеменска влада.

— реклама —

Според весникот, Хутите собираат сили на териториите под нивна контрола и се подготвуваат за очекуваниот напад. Целта, наводно, е да заземат што поголем дел од Јемен пред евентуалните преговори со Саудиска Арабија и на тој начин да ја зајакнат својата преговарачка позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 ден

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 5 дена

media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања