Промени тема
Контакт

„Ете, ставете рака на срце и кажете“ – Најчевска со провокативна објава за реалигијата и придобивките од неа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
media-librarycvnb7otf2rt4eh7hM5N

Професорката Мирјана Најчевска, која во минатото јавно има истакнато дека е атеист и дека верските честитки ги доживува како навреда, повторно отвори чувствително, но општествено прашање – дали зголемената јавна религиозност во Македонија навистина донела подобро општество.

Во својата реакција, Најчевска повикува на искрено преиспитување, без идеологија и без лицемерие.

„Ставете рака на срце и кажете – во сите овие години, кога се зголеми бројот на верници во Македонија, кога политичарите се натпреваруваат кој ќе се прикаже како поголем верник, кога децата се изнесуваат да го слават Бог во кој веруваат родителите, кога почнаа да се осветуваат полициски автомобили, да се молат во Собранието и кога никнаа крстови, цркви и џамии низ целата држава – дали тоа навистина донесе подобрување?“, прашува таа.

Потоа, професорката реди конкретни прашања што, според неа, ја мерат суштината на секоја вера:

— реклама —

– Дали се намали криминалот?
– Дали има помалку убиства?
– Дали се намали врсничкото насилство?
– Дали има помалку семејно насилство?
– Дали се намалија кражбите и измамите?
– Дали луѓето станаа помалку егоистични и саможиви?
– Дали се намали бројот на разводи?
– Дали има помалку силувања?

Ставете рака на срце и кажете“, завршува Најчевска, оставајќи го одговорот да го даде јавноста.

Нејзината порака не е насочена против верата како личен избор, туку против, како што имплицира, нејзината политичка и симболична злоупотреба – во услови кога реалноста зборува за длабока морална и институционална криза.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Коментари | пред 2 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Коментари | пред 4 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 1 седмица

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања