Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЕУ бара од Фејсбук и Инстаграм да го променат својот „зависен дизајн“ и се заканува со казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
zabrana

Европската комисија прелиминарно утврди дека социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, кои се во сопственост на компанијата Мета, го прекршуваат Законот за дигитални услуги поради дизајнот што, според Брисел, поттикнува зависност кај корисниците.

Истрагата се фокусирала на функции како бесконечното скролање, автоматската репродукција на видеа, push-известувањата и високо персонализираните препораки за содржини.

— реклама —

Според Европската комисија, Мета не ги проценила соодветно ризиците што ваквиот дизајн ги носи за физичкото и менталното здравје на корисниците, особено кај малолетниците и ранливите категории.

— реклама —

Компанијата сега има можност да се изјасни за прелиминарните наоди, да изврши увид во документацијата од истрагата и писмено да одговори на забелешките на Комисијата.

Доколку овие наоди бидат потврдени, Европската комисија може да изрече казна до шест проценти од годишните приходи на компанијата, што во случајот на Мета би можело да надмине 12 милијарди евра.

— реклама —

Од Комисијата посочуваат дека Мета не ги земала предвид ефектите од функциите како бесконечното скролање, автоматската репродукција и персонализираните препораки, кои ги поттикнуваат корисниците постојано да консумираат нова содржина и придонесуваат за компулсивно користење на платформите.

Дополнително, Брисел оценува дека мерките за ограничување на времето поминато на социјалните мрежи, особено кај децата, не се доволно ефикасни, бидејќи лесно можат да се исклучат, а родителската контрола бара значително техничко знаење.

Како можни решенија, Европската комисија предлага автоматски да се исклучат бесконечното скролање и автоматската репродукција на видеа, како и да се воведат задолжителни паузи при подолго користење на платформите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 13 часа

— реклама —
EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 15 часа

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања