Промени тема
Контакт

ЕУ до Израел: Веднаш да престане воената операција во Рафах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах.

Борел рече дека израелската офанзива на Рафах, на самиот југ на Појасот Газа, ја попречува испораката на хуманитарна помош и доведува до „зголемување на бројот на раселените луѓе и изложеност на глад и човечко страдање“.

ЕУ, продолжи Борел, го повикува Израел „да се воздржи од дополнително влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“. Тој предупреди дека продолжувањето на офанзивата може да им наштети на односите меѓу Унијата и Израел.

— реклама —

Иако ЕУ го признава правото на Израел на самоодбрана, „Израел мора да го стори тоа во согласност со меѓународното хуманитарно право и да обезбеди безбедност на цивилите“, рече Борел.

— реклама —

Сојузниците на Израел, вклучително и САД, се обидуваат да го одвратат Израел од копнена офанзива во Рафах, каде над милион луѓе се засолниле од борбите во остатокот од енклавата.

Пред една недела израелската армија напредуваше кон градот од исток и ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет.

— реклама —

Во вторникот навлезе подлабоко во градот Рафа, според очевидци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

ЕУ предупредува: Снабдувањето со струја би можело да биде отежнато во следните недели

Свет | пред 9 часа

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Се подготвува најсилниот удар досега: ЕУ најавува нови санкции против Русија

Свет | пред 3 дена

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Европа ја засилува поддршката за Украина: Во јуни пристигнаа милијарди евра воена помош

Свет | пред 1 седмица

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Европа сака да се ослободи од зависноста од Visa и Mastercard: Дигиталното евро се наметнува како решение

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања