Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ ги менува правилата: За овие уреди батериите повеќе нема да мора да се заменуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryrt1jmuhm2odr8cWUWFd
unsplash

Европската комисија усвои измени со кои производителите на носливи паметни уреди и дел од детските играчки повеќе нема да бидат обврзани да овозможат корисниците самостојно да ги заменуваат батериите.

— реклама —

Според документот усвоен во вторникот, исклучокот се однесува на уреди како паметни часовници и фитнес-нараквици, доколку производителот докаже дека пристапот до батеријата би можел да ја загрози безбедноста, издржливоста или водоотпорноста на уредот.

— реклама —

Првичната регулатива за батерии, усвоена во 2023 година, предвидуваше од февруари 2027 година производителите да престанат со практиката батериите да бидат залепени или заварени во уредите, што честопати ги принудуваше потрошувачите да го заменат целиот производ кога батеријата ќе престане да функционира.

Исклучокот за детските играчки ќе важи до 31 јули 2030 година и само во случаи кога, поради природата или големината на играчката, тоа е неопходно од безбедносни причини.

— реклама —

Коалицијата „Право на поправка“, составена од организации и компании кои се залагаат за полесна поправка на електронските уреди, ги критикуваше измените, оценувајќи дека аргументите за безбедност не се оправдани.

— реклама —

Од друга страна, Здружението на индустријата за компјутерски и комуникациски технологии, чии членки се компании како „Епл“, „Гугл“ и „Убер“, ја поздрави одлуката, оценувајќи ја како прагматично решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 3 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања