Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ го казни AliExpress со 550 милиони евра поради нелегални и небезбедни производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryvkh2ul2mhsbm6sWOdtE
unsplash

Европската комисија му изрече казна од 550 милиони евра на интернет-платформата AliExpress, оценувајќи дека не презела доволно мерки за спречување на продажбата на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи.

— реклама —

Одлуката е дел од пошироките мерки на Европската Унија насочени кон кинеските интернет-продавници. Неодамна ЕУ воведе и фиксна царинска давачка од три евра за пратки со вредност до 150 евра, кои претходно влегуваа на европскиот пазар без царина.

Казната следува по официјална постапка започната во 2024 година поради сомневање дека платформата ги прекршила правилата од Актот за дигитални услуги (DSA). Според Европската комисија, AliExpress немал ефикасен систем за откривање и отстранување на нелегални производи, а биле утврдени и недостатоци во контролата на содржините и производите што се нудат на платформата.

— реклама —

Истрагата покажала дека некои продавачи намерно ги класифицирале производите во погрешни категории за да избегнат построги регулаторни барања. И покрај напорите за модерирање, на платформата продолжиле да се продаваат голем број нелегални производи, меѓу кои небезбедни детски играчки и опасни козметички производи, а дел од нив останувале достапни со недели и по пријавувањето.

— реклама —

Комисијата утврдила и дека AliExpress не ја спроведувал доследно сопствената политика за санкционирање, поради што одредени продавници што нуделе нелегални производи продолжиле да работат и покрај изречените мерки. Дополнително, системот за потврдување на автентичноста на брендовите бил оценет како недоволно ефикасен во спречувањето на продажбата на фалсификати.

Европската комисија ѝ даде рок на компанијата до 20 октомври 2026 година да достави акциски план со конкретни мерки за отстранување на утврдените недостатоци, по што ќе одлучи дали ќе преземе дополнителни чекори.

— реклама —

Од AliExpress соопштија дека не се согласуваат со одлуката и висината на казната, оценувајќи дека таа не ги зема предвид вложувањата во безбедноста на производите, проценката на ризиците и заштитата на потрошувачите. Компанијата најави дека ја анализира одлуката и ги разгледува сите можни правни чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 1 ден

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 2 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања