Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЕУ го олеснува извозот од Ерменија: укинати царините за околу 80 отсто од производите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylv86uosptebu3LGGOhu
Photo by Fejuz on Unsplash

Европската унија воведува привремени трговски олеснувања за Ерменија, со цел да ја поддржи нејзината економија по неодамнешните трговски ограничувања воведени од Русија.

Советот на ЕУ ги одобри мерките со кои ќе бидат суспендирани увозните царини за широк спектар ерменски производи, вклучително и одредени земјоделски производи. На овој начин, околу 80 отсто од извозот на Ерменија кон европскиот пазар ќе биде опфатен со либерализацијата.

— реклама —

Повластениот трговски аранжман ќе се применува во период од две години, соопшти Советот на ЕУ.

— реклама —

Ирската министерка за надворешни работи и трговија, Хелен Мекенти, чија земја претседава со ЕУ, изјави дека Унијата ја засилува поддршката за Ерменија и за нејзините граѓани, кои, како што рече, и покрај надворешните притисоци, јасно избрале европски пат.

„Одлуката ќе ѝ помогне на ерменската економија, која е погодена од трговските ограничувања, и покажува дека нашите партнери секогаш можат да сметаат на ЕУ“, рече Мекенти.

— реклама —

Според Советот на ЕУ, привремените мерки треба да придонесат за поддршка и зајакнување на трговијата меѓу Ерменија и ЕУ, во согласност со Договорот за сеопфатно и засилено партнерство (CEPA).

Повластениот трговски режим е придружен со одредени услови и заштитни механизми. Тие ќе овозможат преземање мерки доколку увозот од Ерменија има негативно влијание врз производителите во ЕУ.

Одлуката беше одобрена по гласањето во Европскиот парламент, по предлог на Европската комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 14 часа

kisev

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев: Едно лице загина, десетмина се повредени

Свет | пред 1 ден

media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања