Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ подготвена и за офанзивни сајбер операции: „Не е доволно само да се браниме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV
unsplash / Markus Spiske

Извршната потпретседателка на Европска комисија за технолошка сувереност и безбедност, Хена Виркунен, изјави дека Европската Унија мора да развие и офанзивни сајбер капацитети, а не само одбранбени.

— реклама —

„Не е доволно што се браниме. Мора да имаме и офанзивни капацитети“, посочи Виркунен во изјава за медиуми, додавајќи дека безбедносната средина се менува и дека Европа мора да биде подготвена за нови предизвици.

— реклама —

Досега европските престолнини беа воздржани од јавно поддржување на таканареченото „возвратно хакирање“, стравувајќи од можни одмазди и ескалација од држави како Русија и Кина. Сепак, според наводите, климата постепено се менува, а неколку земји членки, меѓу кои Германија и Летонија, веќе размислуваат за развој на офанзивни сајбер операции.

Потребата од одбранбени и офанзивни сајбер капацитети беше спомната и во белата книга за одбраната на Европската комисија, објавена во декември минатата година.

— реклама —

Виркунен нагласи дека Комисијата идентификува критични сектори во кои Европа треба да има поголема контрола врз сопствените податоци и технологии. Тоа е дел од пошироката стратегија за намалување на зависноста од странски технолошки решенија и зајакнување на европската индустриска и сајбер автономија.

— реклама —

„Не сакаме ризични зависности во ниту една критична област. Тоа не значи дека сè ќе правиме сами. Кога немаме сопствени капацитети, подготвени сме да соработуваме со партнери со слични вредности за да изградиме отпорни синџири на снабдување“, истакна Виркунен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

ЕУ одобри рекордни 7,9 милијарди евра помош за Украина по спроведените реформи

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 3 дена

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања