Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ЕУ подготвува нови правила: Авиокомпаниите ќе мора да плаќаат обештетување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
avion

Европската унија има намера да им соопшти на авиокомпаниите дека последиците од војната со Иран врз туризмот засега не се доволно сериозни за да оправдаат вонредни мерки, како што е укинување на обврската превозниците да исплаќаат одштета за откажани летови.

Ова го покажуваат нацрт-насоките на ЕУ во кои увид имала Ројтерс.

Европските авиокомпании засега главно успеваат да се справат со кризата, при што финансиските заштити од промени на цените ги ублажиле трошоците, иако цените на авионското гориво се зголемиле за речиси 84 отсто од почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, наведува агенцијата.

Сепак, превозниците предупредуваат дека недостиг би можел да се појави во наредните седмици.

— реклама —

„Тековната ситуација не укажува на потреба од посебни мерки за туристичкиот сектор, за разлика од периодот на криза предизвикана од Ковид-19“, се наведува во нацрт-насоките наменети за авиоиндустријата и патниците.

Во документот се додава дека во оваа фаза достапните податоци покажуваат дека вкупните влијанија врз туризмот и понатаму се ограничени, додека побарувачката главно е стабилна.

— реклама —

Во Европската унија засега не е пријавен недостиг на керозин.

Европа околу 75 отсто од керозинот го увезува, главно од Блискиот Исток.

— реклама —

Портпарол на Европската комисија одби да го коментира документот, кој може да биде изменет пред утрешното објавување, наведува Ројтерс.

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Авиокомпаниите укинуваат два милиони седишта поради поскапување на горивото

Околу два милиони авионски седишта се отстранети од глобалните распореди на летови во мај, бидејќи авиокомпаниите ги намалуваат капацитетите поради наглиот раст на цената на авионското гориво, соопшти компанијата „Cirium“.Според податоците на таа компанија, во мај ширум светот се планирани околу 13.000 летови помалку, што е последица на прилагодувањето на авиокомпаниите на пазарните услови на горивото, кое е погодено од нарушувања во снабдувањето поради конфликтите на Блискиот Исток и затворањет

Свет | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

avion-1

(Фото) Драма во Германија: Авион се урна врз куќа, спасувачите трагаат по исчезнат патник

Свет | пред 1 ден

media-libraryvk9pn3v0rre35XasPSG

Сомнеж за труење со храна: Тројца пилоти се разболеле за време на лет, „Бритиш ервејс“ отвори истрага

Магазин | пред 1 ден

media-libraryneg2npkre5iqcCGSKr6

(Видео) Авион принудно слета во морето кај Сиетл и се запали, едно лице е во критична состојба

Свет | пред 2 дена

avion-patnici

Патувате со авион? Овие грешки задолжително избегнувајте ги

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања