Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЕУ работи на решение за деблокада на процесот за пристап на Македонија, Рокас без детали за уставни измени со одложено дејство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryto0lfm987vvp00upgNZ

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, не откри конкретно дали се разговара за уставни измени со одложено дејство како можно решение за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, но порача дека напорно се работи за постигнување напредок.

Прашан конкретно дали има информации за можноста уставните измени да бидат усвоени сега, а да стапат во сила со одложено дејство, Рокас рече дека не може да споделува информации.

— реклама —

„Не можам да споделам какви било информации во врска со тоа. Работиме напорно да се постигне тоа. На тоа се работи од моето пристигнување“, рече Рокас.

— реклама —

Тој не навлезе во детали за тоа какво решение се разгледува, ниту потврди дека конкретно моделот на уставни измени со одложено дејство е предмет на договор.

Евроамбасадорот беше прашан и за последниот потег на лидерот на бугарската партија „Преродба“ и пратеник Костадин Костадинов, кој поднесе иницијатива во бугарското Народно собрание со која бара македонскиот јазик да биде третиран како бугарски дијалект.

— реклама —

Рокас одби да ја коментира иницијативата.

„Немам коментар за политичар или пратеник од која било земја членка“, рече тој.

Изјавите доаѓаат во период кога повторно во фокусот е прашањето како да се деблокира процесот за членство на Македонија во Европската Унија, додека уставните измени остануваат клучното политичко прашање во односите меѓу Скопје и Софија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 10 часа

— реклама —
EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 11 час

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања