Промени тема
Контакт

ЕУ засега се воздржува од „трговската базука“ против САД поради Гренланд, приоритет добива дипломатијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Земјите членки на ЕУ оцениле дека во оваа фаза треба да се избегне ескалација и да се остави простор за политичко и дипломатско решение со Соединетите Американски Држави. Инструментот против присила, усвоен во 2023 година, ѝ овозможува на Унијата да санкционира земји што вршат, како што се дефинира, „економска уцена“, преку ограничување на трговски дозволи и пристап до единствениот пазар, но досега никогаш не бил применет.

Според дипломатски извори, Европската комисија на состанокот презентирала повеќе можни опции, меѓу кои и активирање на ACI, но амбасадорите на земјите членки само дискутирале, без гласање за конкретни мерки.

Сепак, ЕУ има подготвен пакет контрамерки во вредност од 93 милијарди евра, насочени кон американски производи, кој може да биде активиран доколку Трамп ја реализира најавата и од 1 февруари воведе дополнителни царини од 10 проценти за осум европски земји, меѓу кои Данска, Германија и Франција. Одлуката за повторно воведување на овие мерки, кои беа суспендирани минатата година, ќе биде донесена по истекот на рокот што го постави американскиот претседател.

— реклама —

Контрамерките беа подготвени уште лани, во период на неизвесност околу тоа дали САД ќе прифатат трговски договор со ЕУ. Тие предвидуваат реципрочни царини до 30 проценти за низа американски производи, од автомобили до живинско месо. Нивната примена беше одложена откако летоска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Доналд Трамп постигнаа договор со кој се утврди основна царина од 15 проценти за поголемиот дел од извозот на ЕУ во САД, а царините за многу американски индустриски производи беа намалени на нула.

— реклама —

Новите закани на Трамп, поврзани со спорот околу Гренланд, го доведоа во прашање овој договор, откако влијателни пратеници во Европскиот парламент најавија одложување на гласањето за неговата имплементација, закажано за крајот на месецот.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, свика вонреден самит на лидерите на ЕУ, кој треба да се одржи во наредните денови. Според извори запознаени со подготовките, самитот би можел да се одржи во четврток, на 22 јануари.

— реклама —

Дипломати присутни на неделните разговори во Брисел, на кои беа претставени сите 27 земји членки на амбасадорско ниво, истакнаа дека е изразена целосна солидарност со Данска и Гренланд, како и поддршка за нивниот суверенитет и територијален интегритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Крај на американската воена мисија во Ирак: По повеќе од една деценија, војниците се повлекоа

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-library4p18jn9maob39SFldnK

САД воведоа нови санкции против мрежа поврзана со набавка на оружје за Иран

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

„Атлантик“: Вашингтон размислува за поблаги санкции кон Москва во замена за затвореници

Свет | пред 1 ден

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

САД со нови забрани за увоз од Канада, најмногу погоден извозот на алкохол

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања