Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z
unsplash

Европа до крајот на векот ќе изгуби околу 53 милиони жители, што претставува пад од 11,7 проценти, покажуваат најновите проекции на Евростат, објавени денеска.

— реклама —

Според анализата, населението на Европската унија ќе достигне врв од околу 453 милиони жители во 2029 година, по што ќе започне долгорочен пад, кој до 2100 година ќе го намали бројот на жители под 400 милиони, пренесува Политико.

Клучниот проблем е драматичниот пад на наталитетот. Стапката на раѓања е околу 1,3 деца по жена – значително под нивото потребно за одржување на населението, што доведува до стареење на континентот и намалување на работоспособната популација.

— реклама —

Проекциите укажуваат дека до крајот на векот бројот на лица постари од 80 години ќе се зголеми повеќе од двојно, што ќе создаде сериозен притисок врз пензиските и здравствените системи.

— реклама —

Овој тренд веќе предизвикува политички реакции. Претседателот на Франција Емануел Макрон предупреди на потребата од „демографско вооружување“, откако во земјата за првпат по Втората светска војна бројот на починати ја надмина бројката на новородени.

И покрај тоа што миграцијата делумно го ублажува падот, анализите покажуваат дека таа не може целосно да ја надомести ниската стапка на раѓања. Во исто време, политиките кон мигрантите стануваат сѐ построги, што дополнително го усложнува демографскиот баланс во Европа.

— реклама —

Долгорочно, ова значи помалку работници, повеќе пензионери и суштинска трансформација на економските и социјалните системи на континентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 7 часа

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања