Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Европа на итен самит во Брисел: ЕУ-лидерите се собираат поради тензиите околу Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library2h7328lt783640HaCUr
Unsplash

Лидерите на Европската унија и на земјите членки утре навечер ќе се сретнат во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет, поради зголемените тензии поврзани со Гренланд.

— реклама —

„Ќе разговараме за најновите случувања во трансатлантските односи и нивните импликации врз Европската унија, како и за координација на натамошните чекори. Состанокот ќе го започнеме со размена на мислења со претседателката на Европскиот парламент“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во писмото со кое ги повика учесниците.

— реклама —

Состанокот е закажан да започне во 19 часот.

Кошта пред два дена најави дека, поради тензиите околу Гренланд, во наредните денови ќе свика вонредна седница на Европскиот совет.

— реклама —

„Со оглед на значењето на последните случувања и потребата од понатамошна координација, одлучив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Тој истакна и дека, по консултациите со земјите членки, е потврдено оти Европската унија е „единствена во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Канада и ЕУ подготвуваат нов сојуз за заштита од економските притисоци на САД

Свет | пред 11 час

— реклама —
EU-1

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Свет | пред 13 часа

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања