Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европа се загрева најбрзо во светот, а топлотните бранови стануваат поинтензивни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Екстремните горештини со температури што се приближуваат или ги надминуваат историските рекорди стануваат сè почеста појава, покажуваат податоците од националните метеоролошки служби во Велика Британија и Франција.

— реклама —

Според француската метеоролошка служба, од 1947 година досега во Франција се регистрирани 52 топлотни бранови, а дури две третини од нив се случиле од почетокот на 21 век.

Слична е состојбата и во Велика Британија. Според извештајот на британската метеоролошка служба за 2024 година, бројот на денови со температури повисоки од 30 Целзиусови степени е повеќе од тројно зголемен во периодот од 2015 до 2024 година, во споредба со периодот од 1961 до 1990 година.

— реклама —

Актуелниот јунски топлотен бран доаѓа само еден месец откако во Велика Британија беше забележан најтоплиот мај во историјата на мерењата. Од метеоролошката служба предупредуваат дека и оваа седмица би можела да донесе нови рекордни температури за јуни.

— реклама —

Доколку тоа се случи, за првпат од 1911 година два последователни месеци ќе бидат регистрирани со рекордно високи температури.

Научниците предупредуваат дека главната причина за ваквите појави е климатската криза, поттикната од согорувањето на фосилните горива, поради што топлотните бранови стануваат поинтензивни, почести и подолготрајни.

— реклама —

Европа во моментов е континентот што се загрева најбрзо во светот, што, според експертите, значи дека екстремните горештини во иднина ќе стануваат сè почеста појава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

plenkovich

Пленковиќ откри кој ќе ја претставува Европа во мировните разговори за Украина

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 8 часа

media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 2 дена

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања