Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Европска конфедерација на синикати: Загрижени сме од извештајот за притисоци и напади насочени кон ССМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

ETUC испрати писмо за солидарност до Сојузот на синдикатите на Македонија, осудувајќи го личното таргетирање и заплашувањето на синдикалните претставници и нивните семејства.

— реклама —

Писмото упатено до Сојузот на синдикатите на Македонија, до Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и до членовите на ССМ ви го пренесуваме во целост

— реклама —

Почитуван претседателе Трендафилов,

Почитувани колеги,

Во име на Европската Конфедерација на Синдикати (ETUC), сакаме да ја изразиме нашата целосна солидарност и силна поддршка на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на раководството и на сите негови синдикални членови.

Како членка на Европската Конфедерација на Синдикати (ETUC), ССМ е важен дел од Европското синдикално движење. Внимателно ги следиме случувањата кои ги пријавивте и сме сериозно загрижени од извештајот за притисоци и напади насочени кон ССМ и неговите синдикални лидери и синдикални претставници.

Вашите напори и заложби за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се целосно легитимни и се од големо значење. Тие ги одразуваат реалните потреби на работниците кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот и зголемена економска несигурност.

Вашето залагање за пристојни услови за живот и работа е во сржта на синдикалното дејствување и е цврсто засновано на меѓународните и Европските стандарди на трудот.

Особено сме загрижени од пријавите и извештаите за лично таргетирање и заплашување што несомнено има за цел влијание врз претставниците на синдикатите и нивните семејства.

Ваквите дејствија се апсолутно неприфатливи и некомпатибилни со демократските принципи.

Слободата на здружување, колективното договарање и правото на преземање синдикална акција, активности и чекори, вклучително и штрајк, се фундаментални права заштитени со Конвенциите на МОТ и Европските инструменти за човекови права. Овие права мора да се почитуваат и во Законите и во праксата.

Европската конфедерација на синдикати (ETUC) цврсто стои на ваша страна.

Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и каде што е потребно да изразуваме загриженост на Европско ниво.

Со целосна солидарност и поддршка,

Генерален Секретар на ЕТУЦ Естер Линч

и

Конфедерален Секретар Теа Јарц

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

DSC_0638

ССМ: За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари

Македонија | пред 6 дена

media-library1vit86eidgspdrMolLA

Недозволиво е една третина од работниците да заработуваат под прагот на сиромаштија, велат од Меѓународната конфедерација на синдикати

Македонија | пред 1 седмица

media-library9anpc967es482roKL8P

(Видео) „Минималната плата мора да се зголеми во март, не затоа што некој ќе ни ја даде, туку затоа што ние како ја заработуваме, рече Трендафилов

Настани | пред 1 седмица

media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања