Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европската Унија губи 500 милиони евра дневно поради војната со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
fon-der-lajen

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток носи сериозни економски последици за европските земји, кои се соочуваат со нагло зголемени трошоци за енергенси. Според проценките на Европската комисија, дополнителните издатоци за увоз на фосилни горива достигнуваат стотици милиони евра на дневно ниво.

— реклама —

Во обраќање пред Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека во рок од само два месеца, Унијата значително ја зголемила потрошувачката за енергетски увоз, без притоа да обезбеди дополнителни количини енергија.

— реклама —

,,За само 60 дена конфликт, сметката за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 27 милијарди евра, без ниту една дополнителна молекула енергија”, изјави Урсула фон дер Лајен.

Таа предупреди дека ваквата состојба не е одржлива на долг рок и бара итен одговор

— реклама —

„Нашиот пат е јасен. Мораме да ја намалиме прекумерната зависност од увезените фосилни горива и да го зголемиме сопственото, прифатливо и чисто производство на енергија. Од обновливи извори до нуклеарна енергија, со целосно почитување на технолошката неутралност“, рече Фон дер Лајен.

— реклама —

Европската комисија подготвува нов акциски план за електрификација, кој ќе биде претставен во јуни. Планот ќе вклучува конкретни чекори за модернизација на енергетската инфраструктура, подобра координација меѓу земјите-членки и зајакнување на отпорноста на енергетскиот систем во услови на глобални кризи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 19 часа

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 4 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања