Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Европски процени: Руските загуби нагло растат, мобилизацијата станува неизбежна опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Бројот на руски војници загинати во борбите против Украина во последните неколку недели бележи нагло зголемување, а доколку ваквиот тренд продолжи, Кремљ би можел да се соочи со сериозни тешкотии во надоместувањето на загубите без нов бран мобилизација, покажуваат процени на повеќе европски влади, објави „Блумберг“.

Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека украинските сили во декември убиле околу 35.000 руски војници. Тој наведе дека целта на Киев е до лето тој број да се зголеми на 50.000 месечно, што би значело речиси двојно зголемување на месечниот просек што НАТО го пресметал за 2025 година.

— реклама —

Според европските процени, зголемената ефикасност на украинската армија е резултат пред сè на интензивната и прецизна употреба на дронови. Во последниот период, односот меѓу загинати и ранети значително се поместил во корист на смртните исходи, што дополнително ја усложнува можноста за надоместување на загубите. Извори запознаени со процените наведуваат дека бројот на загинати достигнал рамниште со тековната регрутација, што би можело да го принуди Кремљ на нов мобилизациски потег.

— реклама —

Сепак, ваквата одлука се смета за политички исклучително чувствителна. Рускиот претседател Владимир Путин досега избегнуваше повторување на мобилизацијата од септември 2022 година, кога беа повикани околу 300.000 резервисти, потег што предизвика масовно напуштање на земјата и зголемено незадоволство во руското општество.

Европските анализи ја проблематизираат и нарацијата што Москва ја пласира во јавноста, а која повремено ја повторува и американскиот претседател Доналд Трамп, според која руската предност на теренот ја прави победата неизбежна. Напротив, растечките загуби би можеле да ја ослабнат преговарачката позиција на Путин во наредните месеци.

— реклама —

Прашањето за територијата останува централно во мировните разговори што ги посредуваат САД. Русија инсистира Украина да го отстапи целиот Донбас, вклучувајќи ги регионите Доњецк и Луганск, дури и деловите кои руската армија не успеала да ги заземе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оваа можност, но посочи дека безбедносните гаранции од САД би можеле да бидат клучни за спречување нов напад по евентуален прекин на огнот.

— реклама —

Иако руските сили продолжуваат со масовни ракетни и дронски напади врз украинската енергетска инфраструктура, оставајќи големи делови од земјата без струја и греење во зима, напредокот на боиштето останува минимален. На фронтот долг околу 1.000 километри нема значајни стратешки пробиви, а борбите главно се сведуваат на тактички судири.

Клучен фактор во новата динамика на војната станува токму технологијата на дронови. Според извештај на латвиските безбедносни служби, дроновите моментално се одговорни за 70 до 80 проценти од сите загинати и ранети во руската и украинската армија. Оваа технологија овозможува постојано извидување, корекција на артилериски оган и прецизни напади, со што драстично се менува односот на силите на теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија ја проширува листата на „непријателски земји“, мерките сега ги засегаат и граѓаните

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Литванскиот претседател предупредува: Путин сè почесто ги тестира границите на НАТО

Свет | пред 4 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања