Промени тема
Контакт

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryl29gek641uq3e6HJQXj

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров Општина Ѓорче Петров се стекна со „CAF Effective User Label“ - престижна европска ознака која ја потврдува успешната примена на високи стандарди за управување со квалитет во јавната администрација.

— реклама —

Со добивањето на ова признание, Општина Ѓорче Петров станува првата општина во Република Македонија што успешно го поминала процесот на независна надворешна евалуација и го добила овој реномиран сертификат за институционална извонредност.

— реклама —

„Овој значаен институционален исчекор е резултат на системска и професионална посветеност на општинската администрација, како и на јасната определба за континуирано унапредување на управувањето, зајакнување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните“ - рече градоначалникот Александар Стојкоски на настанот по повод доделување на признанието.

Ова признание, додаде Стојкоски, претставува потврда за системскиот пристап во работата на општината и за заложбата за развој на современа, транспарентна и ефикасна локална администрација во интерес на граѓаните.

— реклама —

CAF моделот претставува современа европска рамка за управување со квалитет во јавниот сектор, чија примена придонесува кон поефикасна и поодговорна администрација, подобри организациски процеси и услуги ориентирани кон потребите на граѓаните.

— реклама —

Општина Ѓорче Петров го имплементираше првиот CAF циклус во 2016 година, а со вториот циклус реализиран во 2024 година го потврди континуитетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Дел од Ѓорче Петров без струја, не работат ниту семафорите

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library8l8hsqk7bj15c1plvPm

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 месец

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 2 месеци

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања