Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Еврозоната во мај забележа трговски дефицит од 7,8 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a
unsplash

Еврозоната во мај годинава забележала трговски дефицит од 7,8 милијарди евра во размената на стоки со остатокот од светот, што претставува најголем месечен дефицит од април 2023 година, покажуваат првичните проценки на Евростат.

Резултатот е значително полош во споредба со истиот месец лани, кога еврозоната оствари трговски суфицит од 15 милијарди евра.

— реклама —

Во мај 2026 година извозот на стоки од еврозоната достигнал 243,6 милијарди евра, што е раст од 0,1 отсто на годишно ниво. Во исто време, увозот пораснал за 10 отсто и изнесувал 251,4 милијарди евра.

Според Евростат, трговскиот дефицит главно се должи на зголемениот дефицит во енергетскиот сектор, како и на намалениот суфицит во трговијата со машини, возила и хемиски производи.

— реклама —

Во периодот од јануари до мај годинава, еврозоната остварила трговски суфицит од 3,3 милијарди евра, што е значително помалку во споредба со 78,7 милијарди евра во истиот период минатата година.

— реклама —

Европската Унија, пак, во мај забележала трговски дефицит од 12,1 милијарда евра. Извозот на стоки од ЕУ кон остатокот од светот изнесувал 215,7 милијарди евра, што е намалување од 1,1 отсто на годишно ниво, додека увозот пораснал за 10,8 отсто и достигнал 227,8 милијарди евра.

Податоците покажуваат и дека извозот на Европската Унија во Соединетите Американски Држави се намалил за 12,3 отсто и изнесувал 40,8 милијарди евра, додека увозот од САД се зголемил за 17,1 отсто, достигнувајќи 32,9 милијарди евра.

— реклама —

Трговскиот суфицит на Европската Унија во размената со САД во мај изнесувал 7,9 милијарди евра, што е значително помалку од 18,4 милијарди евра забележани во истиот месец минатата година.

Евростат најави дека следниот извештај со ажурирани податоци ќе биде објавен на 14 август.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 1 ден

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 3 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања