Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јон Фркочковски и Жерновски добија функции во СДСМ, во игра е вратена и Ана Чупевска - кои се старо-новите лица на партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека Димитријевиќ останува генерален секретар на партијата, додека функцијата организациски секретар повторно ќе ја извршува Љупчо Фармаковски. Во новиот Извршен одбор, како што информираше, влегуваат Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ.

— реклама —

Централниот одбор донел одлука и за формирање Советодавен совет на партијата, кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупевска.

Филипче потврди дека Фани Каранфиловска Пановска и натаму останува заменик-претседател на партијата, при што нејзината оставка, како што беше посочено, дополнително треба да ја констатира Конгресот.

— реклама —

Според претседателот на СДСМ, новиот Извршен одбор претставува спој на млади и искусни кадри, а улогата на поискусните членови ќе биде да го пренесат своето знаење и искуство на помладите.

На прес-конференцијата, Филипче порача дека партијата влегува во директна политичка конфронтација со актуелната власт.

„Станува збор за тим кој влегува во храбра и одлучна борба против актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој најави дека СДСМ ќе ја прошири својата платформа и ќе отвори простор за соработка со граѓански организации, независни поединци и интелектуалци.

„Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога во привлекување слободоумни луѓе што ги делат нашите вредности. Нашиот фронт, кој го објавуваме вечерва, постепено и сигурно ќе расте, затоа што се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека СДСМ ќе се спротивстави на, како што наведе, политиките на изолација од Европа, корупцијата и криминалот, како и на проектите кои, според него, се штетни за државните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања