Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ФИФА во нови проблеми: Ирската федерација ја повлече поддршката за Инфантино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Спорт
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Фудбалската асоцијација на Ирска (FAI) ја повлече поддршката за Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, откако нејзиниот управен одбор оцени дека последните случувања отвораат сериозни прашања околу управувањето и транспарентноста.

FAI го повлече писмото за поддршка испратено на почетокот на годинава, и за одлуката веќе ја информирала ФИФА. Ирската федерација соопшти дека, иако ја цени поддршката што ФИФА му ја дава на ирскиот фудбал, неодамнешните настани предизвикале загриженост поради недостатокот на транспарентност и консултации.

— реклама —

Одлуката доаѓа по контроверзниот предлог на Инфантино за основање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“, која требаше да управува со комерцијалните и оперативните активности поврзани со турнирите на ФИФА. Планот предвидуваше и продажба на 20 отсто од акциите во организацијата на Светските првенства на приватни инвеститори.

Иако Инфантино неодамна се извини за предлогот, притисокот врз него да ја напушти функцијата продолжува да расте. Оставка од него побарале и УЕФА, АФЦ и КОНКАКАФ.

— реклама —

Од друга страна, Катар, Либан, Мароко, Судан, Египет и Мавританија изразија поддршка за Инфантино, истакнувајќи ги неговите напори за развој и глобална промоција на фудбалот.

— реклама —

Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), Патрис Мотсепе, смета дека евентуалната иднина на Инфантино на чело на ФИФА треба да се реши преку избори. Тој порача дека сите 211 членки на ФИФА треба да имаат можност да го кажат својот став на претседателските избори, кои треба да се одржат во март следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Расте притисокот врз Инфантино: Фиго се приклучи на барањата за негова оставка

Спорт | пред 1 седмица

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА ги отфрла критиките: Светското првенство не е на продажба

Трендови | пред 1 седмица

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Инфантино им постави ултиматум на федерациите: Поддржете го планот или ќе останете без финансиска помош

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryfjvfpoefo1cuctsUdAN

Интернетот „експлодираше“ со злоупотреби: ФИФА регистрираше милиони спорни содржини

Технологија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања