Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Германскиот фудбалски сојуз против Инфантино: „Мора да му се стави крај на неговиот систем“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Односите меѓу Германскиот фудбалски сојуз и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се сериозно нарушени, откако германската страна остро се спротивстави на плановите за приватни инвестиции во натпреварувањата под закрила на светската фудбалска организација.

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Бернд Нојендорф, изјави дека на „Инфантиновиот систем“ мора да му се стави крај и дека неговото укинување е императив.

— реклама —

„Важно е да му се стави крај на тој ’Инфантинов систем’. Укинувањето на тој систем е императив“, изјави Нојендорф за РТЛ.

— реклама —

Тој посочи дека германскиот сојуз воопшто не бил консултиран за планираната продажба на удели во Светското првенство на приватни инвеститори, поради што, според него, е нарушена довербата во Инфантино и актуелното раководство на ФИФА.

Инфантино на 1 август се откажа од проектот „FIFA Forward Enterprise“ по силниот отпор предводен од Европската фудбалска унија (УЕФА).

— реклама —

„Воопшто не бевме консултирани во врска со планираната продажба на удели во Светското првенство на приватни инвеститори. Односот на доверба со Инфантино и со ова раководство на ФИФА е, секако, нарушен“, изјави Нојендорф на маргините на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Солун.

Инфантино планира повторно да се кандидира за претседател на ФИФА на изборите што треба да се одржат во март следната година. Според германските медиуми, УЕФА се очекува до 18 ноември да предложи кандидат кој би му се спротивставил.

Состанокот на националните фудбалски сојузи членки на УЕФА е закажан за 8 и 9 октомври во Берлин. Нојендорф најави дека најдоцна тогаш ќе бидат донесени „важни одлуки“ за ова прашање, при што истакна дека потенцијалниот противкандидат на Инфантино треба да биде личност со „беспрекорен интегритет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

По извинувањето, Инфантино ја продолжува кампањата за нов мандат – бара поддршка од Азија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Бивш фудбалер ќе се бори за прв човек на ФИФА, изборите во март 2027 година

Спорт | пред 2 седмици

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА го смени оперативниот директор кој го критикуваше Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА во нови проблеми: Ирската федерација ја повлече поддршката за Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања