Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фиктивни купувачи, фалсификувани потписи и заработка од над 1,4 милиони денари од дрва во Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишен жител на општина Конче и правен субјект од Радовиш поради сомнение за злоупотреба на службената положба, фалсификување документи и незаконско стекнување имотна корист од над 1,4 милиони денари.

— реклама —

Како што информираат од СВР Струмица, пријавениот С.К., како одговорно лице во фирмата, изготвувал фиктивни испратници за продажба на дрвни сортименти, адресирани до непостоечки лица и без наведени адреси за испорака. Во дел од документите биле вршени и корекции на количините и видот на огревното дрво.

— реклама —

Со ваквите активности, според истрагата, бил овозможен промет на незаконски стекната дрвна маса од 173,31 кубни метри, при што била остварена противправна имотна корист од 864.262 денари.

Дополнително, при проверка на 27 испратници било утврдено дека постојат значителни разлики меѓу прикажаните и реално испорачаните количини. Наместо евидентираните 46 кубни метри, на терен биле испорачани 149 кубни метри огревно дрво. Со продажбата на дополнителни 103 кубни метри дрва, пријавените стекнале уште 566.500 денари противправна корист.

— реклама —

Истрагата покажала и дека С.К. фалсификувал потпис на овластено лице во делот „одговорно лице“ на испратниците, по што документите биле користени како валидни исправи во правниот промет.

— реклама —

Според полицијата, со овие дејствија пријавените оствариле вкупна противправна имотна корист од 1.430.762 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања