Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Филипче: 118 семејства ќе добијат дом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-kostadinov

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов, ја посетија локацијата во Струмица каде што е изградбата на социјалната населба и за која започнува втората фаза на реализација. Станува збор за еден од поголемите капитални проекти во оваа општина, во рамки на кој ќе се изградат вкупно 118 куќи со кои трајно ќе се реши проблемот за домување на социјално ранливите граѓани од турското маало во Струмица.

„Ова ќе биде една цела нова населба, еден мини град, каде градежните работи се почнати од нула. На локацијата немаше ништо, а сега веќе има канализација, има струја, има улица и во следната односно последна фаза ќе почне изградбата на објектите. Ова ќе биде наслба во којашто ќе се сместат луѓе од ранливи категории кои сега живеат во супстандардни и небезбедни услови. Во овие 118 станбени единици со соодветни стандарди, квалитетот на животот на тие граѓани значајно ќе се подобри и дополнително ќе се решат инфраструктурните проблеми во близина на оваа населба, како што е водоснабдувањето“, рече Филипче.

— реклама —

При тоа Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани.

„Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, автобуската станица, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз“, изјави Филипче, додавјаќи дека општина Струмица е пример како со дела се развиваат и имплементираат проекти кои суштински менуваат работи и го подобруваат животот на граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9kue95ppsuqm8eZUpjp

Филипче до Мицкоски: Се грижите само за себе, младите ја плаќаат цената

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Македонија изгубила над 200 милиони евра поради неисполнети реформи

Македонија | пред 16 часа

media-librarypuonom89qceu5AhNovk

„Мицкоски со лаги дојде на власт и со лаги владее“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

„Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда – уште една лага на Мицкоски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања