Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Филипче да престане да работи против македонските национални интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не ги брани македонските позиции и дека настапува во согласност со ставовите на официјална Софија.

— реклама —

Од владејачката партија тврдат дека Филипче ги поддржува политиките кои, според нив, бараат нови отстапки од Македонија без јасни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес.

„СДС и Венко Филипче не нудат визија, план или решенија. Нивната политика се сведува на безусловно прифаќање на барањата што доаѓаат однадвор, без доволна грижа за државните интереси“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во реакцијата се посочува дека Македонија се соочува со предизвици поврзани со националниот идентитет, јазикот и историјата, а според партијата, Филипче не се залага за подобра преговарачка позиција на државата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека јавните настапи на лидерот на СДСМ се насочени кон политичка промоција, наместо кон заштита на националните интереси.

„Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Напредокот е можен само преку политики што ги штитат државните и националните интереси“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од партијата додаваат дека остануваат посветени на европската интеграција на земјата, но сметаат дека процесот треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован на јасни принципи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања