Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Финансиски крах ѝ се заканува на државата поради дилетанството на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryh83e4do6d0vcaie2qdw

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери.

— реклама —

„Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта, предводена од Христијан Мицкоски, кој што нема капацитет ниту познавања држава да води како што треба, а нема ни желба. И сето тоа се манифестира со тоа што има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Последниот знак кој што укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата“, рече Филипче.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека власта за последното задолжување побара 300 милиони евра за да може да го пополни веќе продлабочениот дефицит, што е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски.

— реклама —

„Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра.Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот.  Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах. Вкупните долгови се зголемени од 2024 година до сега за нови 2 милијарди евра“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 3 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања