Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче го надмина и Заев, како пиун на Радев, стана поголем негатор на Македонија и Македонците од бугарските власти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води политика спротивна на македонските национални интереси.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Филипче, „како пиун на Румен Радев“, е подготвен на нови отстапки поврзани со македонскиот идентитет и дека не реагирал на употребата на терминот „северномакедонци“ од страна на бугарската министерка Велислава Петрова Чамова.

— реклама —

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека терминот е „навредлива и непостоечка кованица“, а како причина за неговата употреба го посочува Преспански договор.

„Филипче не ја осуди ваквата изјава на бугарската министерка, ниту побара тоа да не се повтори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Партијата дополнително обвинува дека Филипче е „главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум“ и дека одбива консензус за националните прашања и реформската агенда.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека Филипче треба јавно да објасни „со што е уценет“ за да води, како што велат, политика на штета на Македонија и македонскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 14 часа

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања