Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Криминалот и корупцијата го загрозуваат идентитетот, не малцинствата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека националниот идентитет не го загрозуваат малцинствата, туку криминалот и корупцијата, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, за, како што наведе, обид за изолација на земјата од Европа.

— реклама —

Филипче истакна дека, според него, дел од политичките структури свесно ја кочат европската интеграција на Македонија со цел да ги зачуваат сопствените интереси и да избегнат одговорност пред институциите.

Тој нагласи дека вклучувањето на правата на малцинствата во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет, туку, напротив, го зајакнува и придонесува за поголема општествена кохезија.

— реклама —

Според него, силна држава се гради преку инклузија, а не преку исклучување, додека европскиот пат значи воспоставување на владеење на правото и поголема институционална одговорност.

— реклама —

Филипче посочи дека интеграцијата во Европската Унија би донела поголема контрола врз јавните финансии и крај на, како што рече, злоупотребите, партиските влијанија и коруптивните практики.

Тој оцени дека обвинувањата за загрозување на идентитетот се користат како политички изговор за одржување на моќ и блокирање на европските реформи.

— реклама —

На крајот, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да се залага за европска Македонија, оценувајќи дека вистинскиот избор за државата е меѓу европска иднина и, како што рече, изолација и корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања