Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив “, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче дека не реагирале на, како што наведуваат, дипломатскиот преседан што го направила Бугарија со објавување дипломатска нота која содржела информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на премиерот.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кога се во прашање државните и националните интереси, и власта и опозицијата треба да имаат единствен став и да ги бранат интересите на државата.

— реклама —

„Дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата, ниту Венко Филипче, ниту некој од СДС не го осуди“, наведуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, молкот на Филипче покажува дека тој повеќе се грижи за односите со Софија отколку за, како што велат, одбраната на националните позиции.

— реклама —

Од партијата дополнуваат дека ќе продолжат, како што наведуваат, доследно да ги бранат македонските национални интереси, достоинството и позициите на државата.

— реклама —

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ упатува и низа критики кон раководството на СДСМ, обвинувајќи го за, како што велат, подготвеност за отстапки без соодветни гаранции во процесите поврзани со европската интеграција на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања