Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VFBT2-2

Задоволен сум што преку еден инклузивен и отворен процес заедно со членството успеавме да ја издигнеме партијата, СДСМ е веќе крената на нозе, ги брани интересите на граѓаните и силно се противи на погрешните политики на власта, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Битола, каде заедно со заменик претседтелката Фани Каранфилова Пановска и потпретседателот Методија Илиевски присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ од овој град.

— реклама —

СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, интензивно сме на терен, помеѓу членовите, да го слушнеме нивниот глас и заедно да ги дефинираме следните чекори, додаде Филипче.

— реклама —

-Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина, рече Филипче.

— реклама —

Филипче му честиташе на новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Битола, другарот Методија Куновски и му посака успешна работа, потенцирајќи дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.

— реклама —

-Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања