Филипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypu056ha0bfof1PDzG7D

Ова не се обични избори, ова е борба за нашиот дом, за нашата земја, за нашата иднина. Секој глас е чекор напред кон држава во која ќе се почитува трудот, знаењето, чесноста. Обединети и сплотени, на 19 октомври да излеземе масовно и да ја потврдиме победата на вистинските вредности, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кривогаштани.

Филипче нагласи дека државата мора да стои зад народот и дека иднината им припаѓа на оние што создаваат и градат, а не оние кои рушат и делат.

— реклама —

Ние од СДСМ не работиме по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, вети-заборави. Тие земаат од народот наместо да дадат и ги оставаат граѓаните сами со проблемите. Ние сме покажале дека работиме за граѓаните и за државата. Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет, рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ никогаш не барал изговори, туку преземал одговорност.

— реклама —

Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување, истакна Филипче, додавајќи дека за СДСМ политиката не е пазар на лаги, туку механизам како да се подобри животот на граѓаните.

Затоа е јасна разликата: ВМРО-ДПМНЕ гледа личен и партиски интерес, ние гледаме за народот и државата, дури и тогаш кога сме знаеле дека е на штета на нашиот рејтинг. Никогаш не сме правеле партиски калкулации кога биле во прашање граѓаните и иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кривогаштани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Македонија | пред 1 месец

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања