Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продаде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryb8iktpo2ama2a01TsHG

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упатија остри критики кон лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, обвинувајќи го дека неговите ставови за односите со Бугарија се спротивни на националните интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Филипче изјавил оти Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако, според партијата, официјална Софија има јасно изразени ставови по однос на македонскиот јазик и идентитет.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека Филипче смета оти внесувањето на Бугарите во Уставот би придонело за зајакнување на идентитетот и дека на тој начин тој не би бил загрозен.

— реклама —

„Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ и Филипче се подготвени на нови отстапки во односите со Бугарија, со цел, како што наведуваат, да добијат политичка поддршка.

— реклама —

Воедно, владејачката партија ја обвини опозицијата дека не учествува активно во политичкиот дијалог и дека бојкотира работни групи и други процеси поврзани со реформите.

— реклама —

„Нивната цел и стратегија се сведува само на враќање на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата, исто така, оценија дека политиките на СДСМ во минатото довеле до, како што велат, „редефинирање на историјата“ и нанесување штета врз државните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања