Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите.

„Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.

— реклама —

Тој потсети дека политиките на СДСМ секогаш биле во интерес на државата и граѓаните, без политички калкулации и грижа за рејтинг.

— реклама —

„Нашите политики беа добри, беа во интерес на државата и на граѓаните. Не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО. Ама сега оваа влада не сака да го продолжи европскиот пат.“

Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, оцени дека кризата во земјата е дел од пошироката криза на социјал-демократијата во Европа, предупредувајќи дека алтернативата што ја нудат десноцентристичките партии е опасна.

— реклама —

„Имаме многу слично сценарио – еден фрагментиран простор на левиот спектар со кој што се соочуваат и другите земји. Кризата во социјал-демократијата е тесно поврзана со кризата во демократијата во светот, каде што доминираат авторитарните режими, исто тоа што се случува и кај нас. Иако партиите од центарот десно се нудат како некаква алтернатива, сепак таа алтернатива е опасна, затоа што тоа приближување на партиите од центарот десно кон авторитарните режими само ги легитимира дополнително и ги прикажува како некој по-благи варијанти.“

На крајот во своето обраќање, Филипче пред гостите од сестринските партии на СДСМ од регионот упати порака со апел за единство и визија за заедничка европска иднина.

„Прогресивните сили и во земјата, и во регионот, треба да се обединат, да споделиме знаење, искуства и сите заедно да покажеме дека иднината на целиот регион е во Европа”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања