Промени тема
Контакт

Филипче: СДСМ е државотворна партија со јасна визија за младите и силна борба против корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина.

„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата, на евроинтеграции, на обезбедување што поголеми приходи за граѓаните и борба против националистичките елити како ВМРО-ДПМНЕ. Тие, сè што прават, е само да го делат населението и граѓаните, додека државата стагнира, а на владејачката елита ѝ врват само бизнисите“, порача Филипче.

— реклама —

Во интервјуто, тој потсети и на мерките кои СДСМ ги презеде во изминатите години за унапредување на животниот стандард дури и во време на криза, преку раст на платите, пензиите и решавање на долгогодишни проблеми.

„Имаме примери од минатото како сме се грижеле за граѓаните и за нивниот стандард, дури соочени со големи кризи. Благодарение на тие социјалдемократски политики, граѓаните видоа огромен бенефит – раст на платите, раст на стандардот, раст на пензиите, решавање на повеќедецениските проблеми што ја држеа земјата заглавена“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој посочи дека новото време носи нови предизвици и дека СДСМ ги подготвува своите идни политики во таа насока – особено фокусирани на младите луѓе кои бараат реални можности за напредок, развој и останување во земјата.

„Потребни се нови политики кои ќе адресираат и нови гласачи – тоа се младите луѓе кои изминатите неколку години веќе стануваат полнолетни и бараат посебни можности. Бараат опции и кога не ги гледаат, се иселуваат од земјата. Нашата програма ќе содржи и многу за нив“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека младите очекуваат реформи, критериуми базирани на знаење, а не партиска книшка, и нови економски можности.

„Младите луѓе бараат можности, бараат да нема партизација, бараат вистински критериуми за да можат да напредуваат, бараат нови технологии, бараат регулирање на финансиските крипто пазари, на пример“, потенцираше Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања