„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини.

— реклама —

Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:

„Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ќе бидат поднесени во текот на утрешниот ден. Им честитам на сите градоначалници кои што победија во првиот круг. Од досега пристигнатите резултати, СДСМ во првиот круг победи во три општини, тоа се Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Понатаму, од преброените близу 70% од гласовите, водиме во уште 9 општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман. И таму ќе има втор изборен круг. Дополнително, во уште неколку општини каде што сме на второ место , а тоа се Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, и очекуваме податоци уште од неколку места. Апелирам до граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Важно избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.

— реклама —

Овој резултат мислам дека не е тој којшто го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека, имајќи ги предвид околностите, не е лош резултат, посебно што, не насекаде, меѓутоа во еден добар дел од општините, навистина имаме зголемување на бројот на гласови кога ги споредуваме со ланската година.

И тоа е еден доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци, изминатата година во партијата, процес којшто, секако, зема време и процес на којшто интензивно ќе работиме во следниот период“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања