Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство, им објаснува на граѓаните што значат уставни измени“ , вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да прифати уставни измени без гаранции и дека, како што наведуваат, „се додворува на Бугарија“.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче во последниот период станал „погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии“, оценувајќи дека уште пред формирањето на новата влада во Бугарија, јавно изразувал подготвеност за уставни измени.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека по изборот на Румен Радев за премиер, Филипче дополнително ги засилил своите ставови за евроинтегративниот процес и уставните измени.

„Ставовите на Радев се одамна јасни, особено околу јазикот, идентитетот и историјата, а Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со тие позиции“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Партијата обвини дека СДСМ повторно се обидува да ја убеди јавноста дека токму тие се факторот што ќе ја внесе државата во Европската Унија, споредувајќи го настапот на Филипче со политиките на поранешниот премиер Зоран Заев.

— реклама —

Во соопштението се додава дека граѓаните веќе двапати ги казниле овие политики на избори и дека, според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да губи поддршка поради ставовите поврзани со евроинтеграциите и односите со Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 17 часа

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања