Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Филипче бара утеха во четвртото место“ – ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека слави пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се обидува да го претстави изборниот резултат во Брвеница како успех, иако, според владејачката партија, СДСМ завршила на четвртото место.

— реклама —

„Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ под водство на Филипче доживеала политички дебакл, посочувајќи дека партијата е четврта политичка сила во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите резултати покажуваат дека СДСМ нема политичка визија и убедлива понуда со која би се наметнала како алтернатива пред граѓаните.

— реклама —

„Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во соопштението, партијата иронично им посакува на Филипче и СДСМ уште многу вакви „успеси“, односно четврти и петти места и, како што наведуваат, сè помала поддршка од граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 38 минути

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 20 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања