Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од одмор во Грција координирал партиски активности поврзани со ширење, како што тврдат од партијата, лажни информации за квалитетот на водата во Скопје.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче преку партиски членови давал инструкции за ширење дезинформации на социјалните мрежи со цел да се создадат паника и вознемиреност кај граѓаните.

„Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Партијата тврди дека Филипче на 6 август ја напуштил земјата преку граничниот премин Богородица и дека од одмор продолжил да ги координира активностите на СДСМ.

— реклама —

Во реакцијата се упатуваат и обвинувања за наводно политичко влијание врз протестите на земјоделците во Струмичко, како и за откупните цени на земјоделските производи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, истовремено, уверуваат дека водата во Скопје е безбедна за пиење и го повикаа СДСМ да не го користи прашањето со водоснабдувањето за политички цели.

— реклама —

Тврдењата за наводно загадување на водата претходно беа демантирани од надлежните институции, кои соопштија дека резултатите од испитувањата покажуваат дека водата ги исполнува условите за безбедност и квалитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања