Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица “, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која тој ја коментираше одлуката за затворање на предметот поврзан со набавката на модуларната болница во Тетово.

— реклама —

Од партијата обвинуваат дека предметот пет години бил оставен без соодветно постапување, иако во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Во реакцијата се тврди и дека Филипче, кого го посочуваат како директно одговорен, не бил повикан ниту на разговор во рамките на предметот.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека одлуката предметот да заврши без истрага претставува сериозен скандал и го обвинуваат обвинителството дека не разгледало повеќе прашања поврзани со модуларната болница.

„Абази премижa и на менувањето на Законот за градење, премижa и на немањето елаборат за електрична енергија, премижa и на немањето минимум технички спецификации. Премижa сè, за Филипче да биде ослободен“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во реакцијата се обвинува и шефот на ОЈО ГОКК во заминување, Ислам Абази, дека со одлуката овозможил затворање на предметот и дека неговото работење било насочено кон заштита на поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче денеска ја поздравил одлуката иако, според нив, веќе извесно време бил запознаен со нејзината содржина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања