Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Филков: Изборот на јавни обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryb40qrjod4p4g8caadWz

Министерот за правда Игор Филков денеска се обрати на настанот „Европски стандарди за дисциплински и изборни механизми во правосудството“, во организација на НКЕУ-МК, нагласувајќи дека развојот на квалитетни и транспарентни механизми за избор, унапредување и дисциплинска одговорност претставува клучен предуслов за ефикасен судски систем кој работи во служба на граѓаните.

„Непристрасноста и независноста на судиите се централни столбови на владеењето на правото. Само преку нивно доследно почитување можеме да обезбедиме правна сигурност, заштита на човековите права и зголемување на довербата на јавноста во институциите“, истакна Филков.

Обезбедувањето целосна независност и зголемувањето на ефикасноста на правосудството се јасен приоритет на Владата и Министерството за правда, при што во подготовката на новите законски решенија посебен фокус е ставен на изборните и дисциплинските механизми, во согласност со европските стандарди.

Филков информираше дека реформите во Судскиот совет веќе се реализираат. Со новиот закон се утврдени јасни критериуми за избор и разрешување, заострени се условите за професионално искуство и прецизиран е терминот „истакнат правник“.

Воведени се јавни расправи при изборот на несудските членови, како и јавен и транспарентен оглас за членовите што ги избира Собранието. Детално е уредена дисциплинската постапка за членовите на Советот, со јасно дефинирани основи за одговорност и состав на дисциплинската комисија.

Предвидена е и итна постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, која не може да трае подолго од шест месеци.

— реклама —

Министерот изрази очекување дека Законот за јавно обвинителство наскоро ќе биде усвоен во Собранието. Во него се вградени европски препораки, воведен е јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на јавните обвинители, како и прецизни рокови за постапките.

„Ги зајакнуваме гаранциите за самостојноста на обвинителите и прецизно ги ограничуваме условите под кои може да се даваат задолжителни писмени упатства. Надзорот го уредуваме системски, без мешање во конкретни предмети“, нагласи Филков.

— реклама —

Со законските измени се предвидуваат и прецизни основи за престанок на функцијата, вклучително и во случаи на правосилна осуда за кривично дело против службената должност. Дисциплинската постапка ќе мора да заврши во рок од шест месеци, а во посложени случаи најдоцна до девет месеци. Согласно препораките на ГРЕКО, се воведува градација на дисциплинските повреди на лесни, потешки и најтешки.

На последната седница Владата го усвои и новиот Закон за Советот на јавни обвинители. Со него се воведува повисок цензус и јасни критериуми за избор на членови од редот на обвинителите, како и транспарентна и инклузивна постапка за членовите што ги избира Собранието.

„Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги, интегритет и професионалност“, порача министерот.

— реклама —

Секоја одлука на Советот – за избор, унапредување, дисциплинска одговорност или разрешување – ќе биде задолжително образложена и јавно објавена, со што транспарентноста станува законска обврска.

Министерот истакна дека измените се резултат на констатирани слабости во правосудниот систем во изминатиот период, како што се долготрајни постапки, случаи на корупција, недоволна транспарентност и отсуство на ефективна одговорност.

„Со овие законски решенија директно ги адресираме овие проблеми. Подготвивме измени на триесеттина закони, од кои најголемиот дел се од суштинска важност за правосудството. Имаме можност да создадеме правосудство на кое сите ќе можеме да се потпреме – транспарентно, професионално и непристрасно“, истакна Филков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn9829uf2a2g97Zt5UGM

Филков и ОН договараат дигитална трансформација на правосудството

Македонија | пред 1 месец

media-library2cj99mmmkna51XVSDCw

Министерството за правда: Поголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатливи

Македонија | пред 2 месеци

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

„Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата“, вели Филков

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања